Манчевски: Иванов убаво да го прочита Договорот со Грција

од desk2
91 прегледи

Денеска Ѓорге Иванов се постави против стратешките интереси на Македонија, против ЕУ и НАТО, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски по чествувањето на двата Илиндена на Мечкин Камен.


Тој му порача на Иванов убаво да го прочита Договорот со Грција и да види дека со него се загарантирани македонскиот јазик, македонската национална посебност и македонскиот идентитет.

– Ќе му порачам на Иванов да си ги прочита убаво, повторно, и Рацин и Прличев и сите кои денеска ги цитираше, кои никогаш како него не ширеле меѓунационална и меѓуверска омраза. Денеска Иванов повторно не успеа да се надмине во својата немоќ. Се стави против македонската иднина и против подобар живот, против повисоки плати и работни места. За среќа, ниту Иванов, ниту неговиот Груевски, нема да ја носат одлуката. Одлуката за подобар живот во Македонија ќе ја носат граѓаните, суверено и на референдум. Тие ќе кажат „да“ за македонската иднина, рече Манчевски.

Министерот апелира граѓаните што помасовно да излезат на референдумот, нарекувајќи го нов Илинден. – Ќе зачекориме во нашата светла иднина, а изолацијата и политичарите од минатото, како Иванов и Груевски, ќе бидат заборавени, порача Манчевски.