Национална опсерваторија од Атина: 70 отсто од Мати целосно изгоре

од desk4
75 прегледи

  По катастрофалниот пожар на 23 јули во источниот дел на областа Атика, целосно изгореле 70 отсто од областа Мати, а 30 проценти делумно или воопшто, соопшти Центарот за управување со природни катастрофи од Националната опсерваторија од Атина.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од опсерваторијата соопштуваат дека ортофото картата што покрива површина од 4318 хектари е направена од фотографии снимени со дрон, два дена по пожарот, а има за цел да обезбеди корисни информации за службите на Министерството за инфраструктура и транспорт за справување со последиците од пожарот.