Силен ветер оддувал повеќе метални колци од шатори во камп во Данска, а еден од нив му нанесе сериозни повреди. Тој е на возраст од 61 година.

Како што соопшти локалната полиција колецот прелетал во воздухот и го погодил во вратот додека тој го пакувал шаторот.
Повреденото лице во тешка состојба со хеликоптер било пренесено во болница.
Локалните медиуми соопштија дека повредениот е мотоциклист, кој учествувал во организиран настан што се одржувал во кампот.