Земјотресот го издигна островот Ломбок за 25 сантиметри

од desk3
115 прегледи

Силниот земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала што на 5 август го погоди индонезискиот остров Ломбок, придонесе за негово издигнување за 25 сантиметри.

Како што соопштија група научници на американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) и на Калифорнискиот институт за технологија, врз основа на анализи на сателитските снимки на Ломбок направени по земјотресот, утврдени се промени на површината на островот.

Според научниците, утврдено е дека во реонот на епицентарот на земјотресот, во северозападниот дел на Ломбок, површината на земјата се подигнала за 25 сантиметри, додека на други места на островот се спуштила меѓу пет и 10 сантиметри.     Во меѓу време, на Ломбок продолжува потрагата по затрупани лица под урнатините и одроните од земјиштето.