Вработените во агенциското обезбедување бараат од агенциите доследно почитување на работнички права, повисока плата, платена ноќна работа, празници, платено здравствено и пензиско осигурување и други права, информираа на денешната прес-конференција, членовите на независниот синдикат на агенциското обезбедување, по повод отварањето на првата регионална канцеларија во Куманово.
