Француски забавен парк постави гаврани за чистачи

од desk2
244 прегледи

Забавен парк во Франција назначи шест “интелигентни” црни гаврани да го собираат ѓубрето во областа, објави ББС. 

Птиците во „Пјуи дју Фу“, популарно место за забава во западниот дел на земјата, се обучени да собираат отпушоци од цигари и други мали отпадоци од страна на посетителите. Гавраните го ставаат ѓубрето во посебна кутија, а за возврат им се дава храна како награда за напорот.

Гавраните не демонстрираат првапат интелегенција. Претходно оваа година, научниците создадоа уред, со кој ја одредуваа способноста на овие птици да ги решаваат задачите. За да добијат храна од машината, гавраните морале да стават парче хартија  во отвор со точно определена големина. Резултатите покажале дека птиците не само што можеле да ја препознаат точната големина на хартијата, туку се обидувале и да ги распарчат поголемите парчиња за да одговараат на точната големина на хартијата, потребна за машината.