Чавушоглу: САД нема ништо да постигнат заканувајќи и се на Турција

од desk2
82 прегледи

Турција направи доволно за да ги подобри односите со САД, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу.


Тој додаде дека Вашингтон дејствувал спротивно на нивниот сојуз во поглед на суштинските безбедносни прашања.

Чавушоглу обраќајќи се пред амбасадорите во Анкара потенцира дека „САД треба да научат дека нема да постигнат никакви резултати заканувајќи и се на Турција“.