Темата за Switch и виртуелната реалност периодично се појавува на дневен ред откако нови гласини даваат храна на шпекулациите дека е можно хибридната конзола да добие некаква форма на VR поддршка. Во теорија, VR Switch не изгледа особено лесно да се спроведе, ниту ефикасно за игра, но сепак – новото откритие останува интересно.

Twitter корисник со прекар @random666_kys кој пишува хоумбру програми за Switch, наишол на љубопитна опција која останала непозната досега. Таа овозможува да го тестирате екранот за VR Mode, откако ќе го разделите на два еднакви екранот, како што е стандардно за VR уредите.
Потоа се појавува порака која моли корисникот да ја оддалечи конзолата од лицето пред да го притисне копчето Close.
Дали ова значи дека виртуелната реалност ќе го отвори патот кон Switch? Па, можеби. Уште во надградбата 3.0.0 во јуни 2017 година видовме код со називот SetVrModeEnabled. Сега се појавува и ова, па најверојатно Nintendo барем се занимава со идејата, и тоа до таков степен што ја внеле некако во оперативниот систем на конзолата.
Оттука натаму, меѓутоа немаме никаква идеја што ќе следи, па така топката е целосно во полето на јапонскиот ветеран.