Кои HTC телефони ќе добијат Android 9 Pie?

од Vlatko K
83 прегледи

Набргу по официјалната премиера на Android 9 Pie, HTC откри во Twitter кои смартфони на компанијата ќе добијат надградба до најновата верзија на оперативниот систем.

Без изненадување на листата спаѓаат предводниците на тајванците од оваа и од минатата година – HTC U12 +, U11 + и U11, но заедно со нив ќе биде обновен и моделот U11 life, кој е дел од програмата Android One.

Засега нема информации кога ќе почне ширењето на надградбата, но компанијата ветува да сподели повеќе детали во подоцнежна фаза.

Како што веќе стана јасно, оваа есен Android 9 ќе достигне до инволвираните во тест програма уреди на компании како Xiaomi, HMD Globаl, OnePlus и Essential и до моделите Android One.