Се скарал со сопругата па со авион се урнал во сопствената куќа

од desk2
91 прегледи

Дуан Јуд (47) се одлучи на радикален потег откако бил приведен за напад на сопругата.

Тој летал со мал авион „Цесна 525“, а потоа како камиказа го урнал авионот во спствената куќа и загинал. Авионот се распаднал и се запалил, а неговиот ин и сопругата кои биле дома се неповредени. Куќата има оштетувања од пожарот.

Јуд и претходно бил апсен во Пејстон, Јута, а сведовци потврдиле дека ја напаѓа сопругата.

Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат остатоци од распаднатиот и изгорен авион, аништен автомоби и оштетена куќа.

Истражителите велат дека Јуд бил искусен пилот, а авионот со кој се урна припаѓал на компанијата за која работел.

Неговиот брак бил несреќен, а во април е пријавен за домашно насилство. потоа оделе на брачно советувалиште, но безуспешно.

Ова е втор самоубиствен инцидент во САД, во кој е користен авион, Претходно маж во Сиетл украде авион, направи неколку егзибиции и се урна во морето.