Нема слободна и суверена земја без силна војска, а нашата позиција и во преговорите со Косово ќе биде појака ако зајакне нашата војска, порача денеска српскиот министер за одбрана Александар Вулин.

„Сметам дека треба да се сопре ширењето на „голема Албанија“, најопасната политичка идеја на просторот на Балканот. „Голема Албанија“ значи војна, и тоа не само војна со Србија, туку палење на Црна Гора,, Македонија, можеби и Грција, но сигурно Србија“, вели министерот.
„Сакате ли да ја сопреме или не сакате, или да почекаме на некој друг временски распоредн на увездите и силите?“
Тој за телевизијата хепи рече дека по прашањето за разграничување на Косово и на Србија, се уште ништо не е договорено, затоа што најголемите светски сили се против тоа, за што сведочи и изјавата на канцеларката Ангела Меркел.