Во Кривичниот суд дадена е пауза од час и половина за предметот „Титаник“ заради мајчинските обврски на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Во претпладневниот дел беа слушани околу 46 разговори меѓу поранешни функционери како што се Миле Јанакиески, Гордана Јанкулoска и Мартин Протуѓер.
Слушањето на „бомбите“ почна од вчера кога беа презентирани 15-тина разговори, а треба да се слушнат вкупно 1.063 аудио снимки. За седум од снимките ќе биде исклучена јавноста по барање на Специјалното јавно обвинителство бидејќи се работи за приватни разговори.
Вчера беше договорено рочиштата заради мајчинските обврски на поранешната министерка Гордана Јанкулоска да се одржуваат во периодот од 10 до 12 часот по што ќе следи пауза од еден час, потоа од 13 до 15 часот со пауза од еден час и од 16 до 18 часот.