Google и Apple меѓу компаниите кои не бараат факултетско образование кај работниците

од desk2
81 прегледи

Платформата за вработување Glassdoor неодамна направи листа со најдобрите компании кои од кандидатите за работа не бараат да поседуваат факултетска диплома. Меѓу нив се угледни компании како Google, Apple, IBM и Starbucks.

Минатата година заменик-директорката на IBM, Џоана Дејли, рече дека скоро 15% од вработените во оваа компанија немаат факултетско образование. Таа истакна дека наместо компанијата да бара ексклузивно кандидати со завршен факултет, IBM сега бара кандидати кои имаат искуство во boot кампови за кодирање или завршени стручни часови поврзани со оваа индустрија.

Листа на најдобрите компании кои не бараат факултетско образование од нивните работници:

Google
Индекс поени: 4,4

Се бараат продукт менаџери, регрути, софтверски инжинери, продукт менаџери за маркетинг во Маунтајн Вју, Остин и Сан Франциско.

Ernst & Young
Индекс поени: 3,7

Се бараат советници за осигурување, советници за ризик, искусни менаџери и постар соработник за даночни услуги во Алфарети, Сан Франциско и Бостон.

Penguin Random House
Индекс поени: 3,8

Се бараат маркетинг дизајнери, помошници за огласување, постар менаџер за финансии и асистенти за производи во Њујорк, Лондон и Колорадо Спрингс.

Costco Wholesale
Индекс поени: 3,9

Се бараат благајници, работници во магацин, помошници за продажба во аптека и работници за пекара во Батон Руж, Ваљехо и Каламазу.

Whole Foods
Индекс поени: 3,5

Се бараат членови на тимот за прехранбени производи и пекари, како и благајници во Напи, Петалума и Тигард.

Во останатиот дел од листата се наоѓаат уште голем број големи и успешни компании, како Starbucks, Apple, IBM и ним сличните.