Убиен вооружен маж кој се обидел да нападне полициска станица во Барселона

од desk2
134 прегледи

Полицијата во Барселона уби напаѓач вооружен со нож, кој претходно се обидел да ја нападне полициската станица во градот Корнела, пренесе „Раша тудеј“.


Како што соопшти каталонската полиција, напаѓачот се обидел да влезе во полициската станица со цел да изврши напад врз полицајците утрово во 6 часот по локално време.

Напаѓачот бил убиен на самото место на нападот, а во моментот на нападот извикувал „Алах акбар“.

Според информациите, се работи за 29-годишен маж со алжирско потекло, објави „Ла Вангуардија“. Тој бил жител на градот Корнела, со шпански документи.

Полициската станица останува затворена, а не се пријавени повредени полицајци.

Инцидентот се случува на само три дена по годишнината од двојниот терористички напад во Барселона и Камбрис.