Започнува уривањето на изгорените куќи од пожарот во областа Атика

од desk2
73 прегледи

Од денеска започнува уривањето на куќите што претрпеа сериозна штета во пожарите во источниот дел на областа Атика на 23 јули.


По спроведените контроли од инженерите од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, куќите кои беа обележани со црвена боја, односно кои се опасни за живеење, ќе се рушат, јави дописничката на МИА од Атина.

Според радиото „Атина 984“, уривањето започнува со 4 куќи, а еден од сопствениците вели дека нема да ја напушти населбата, туку одново ќе го изгради неговиот дом.