СДСМ: Случајот „Титаник“ потврдува дека анкетите на Институтот на Божиновски се лажни

од desk2
134 прегледи

Денешните разговори што се слушнаа во предметот „Титаник“ што се води против поранешното високо раководство на ВМРО-ДПМНЕ се уште една потврда за злоупотребите коишто 11 години ги правеше режимот, соопштија од СДСМ.


„Денеска јавноста уште еднаш слушна како се нарачувале и се пласирале во јавноста лажни анкети преку кои се манипулирале граѓаните.
Анкетите на Божиновски биле нарачани по принципот „ало Миле“ што е уште потврда дека анкетите на Институтот за демократија се лажни и единствено во функција на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ не може да функционира во фер и демократски услови, за нив е важен единствено партискиот интерес и одбрана на криминалот.
Граѓаните го поразија режимот. ВМРО ДПМНЕ и ваквото однесување се минато“, се вели во соопштението.