Американската компанија Apple избриша 25 илјади апликации од кинеската верзија на својата продавница AppStore, кои се забранети во Кина, соопшти денеска „Волстрит журнал“.

Весникот се повикува на кинеската државна телевизија CCTV, која претходно го критикуваше Apple за пропуст во врска со апликации , поврзани со обложувања, кои се камуфлирани како апликации за лотарија, дозволени во Кина, дополнува ТАСС.
Самата компанија го потврдува отстранувањето на апликациите, но не го специфицира точниот број. Апликациите за коцкање се нелегални и забранети во кинескиот AppStore.
„Веќе отстранивме многу апликации и програмери кои се обидуваат да шират такви незаконски апликации во AppStore, откако се трудиме да откриеме такви апликации и да ги отстраниме од продавницата“, велат од Apple пред изданието.
CCTV забележуваат дека сите повлечени апликации продолжуваат да работат и откако ќе се отстранат од AppStore.
Според „Волстрит журнал“, постојат околу 1.8 милиони апликации во AppStore во Кина.