„Србија треба да ја подари Метохија на Црна Гора, не на Албанија“

од desk2
115 прегледи

Територијата на сегашна Метохија во балканските војни ја ослободила и зазела Црногорската војска на кралот Никола, објави на Твитер црногорски политичар.

 

Претседателот на ПзП и член на Претседателството на ДФ Небојша Медојевич напиша: „АКо Србија сака да и ја подари Метохија на Албанија, историски е праведно Црна Гора да ја бара таа територија, разграничувањето отвора процес“.

Медојевиќ потсети дека териториите кои денес се исцртани на картата на ткн. природна Албанија, всушност се црногорски, а не обратно.

„Метохија е историска територија за кој црногорската војска пролвала крв во борба против Отоманската империја. Сме го освоиле и Скадар, кој исто така гравитира кон Црна Гора“, вели Медојевиќ.

„Ако Србија сака да и ја подари Метохија на Албанија, Црна Гора мора да ги достави своите барања„ Ценам дека Србија би требало Метохија да ја подари на Црна Гора, не на Албанија“, додава.