HTC пушти безжичен адаптер за очилата Vive

од Vlatko K
126 прегледи

Сопствениците на очилата за виртуелната реалност HTC Vive и Vive Pro ќе можат да ги користат и безжично, без да мора да се поврзани со кабел со нивниот компјутер. Тоа ќе се случи преку нов безжичен адаптер кој ќе биде во продажба од 24 септември по релативно солена цена од 299 долари / 299 фунти, а за компатибилност со Vive Pro ќе треба да се купи дополнителен пакет со кабел и други додатоци по цена 60 долари / 65 фунти.

Адаптерот се прицврстува на очилата и добива сигнал од компјутерот каде е инсталирана посебна картичка PCI-e, вклучена во комплетот.

Опсегот на системот е 6 метри со агол на гледање од 150 степени, а преносот на податоци се случува во фреквентен опсег 60Ghz, откако се користи технологијата Intel WiGig, која обезбедува ниска латентност на врската (благодарение на кодек DisplayLink XR) и голем капацитет.

За напојување на адаптерот се користи надворешната батерија HTC QC 3.0 PowerBank кој може да напојува и смартфони. Обезбедува работно време од околу 2,5 часа. Преднарачките ќе започнат на 5-ти септември.