Протест во Приштина, се бара оставка на државниот обвинител и на премиерот

од desk2
63 прегледи

Во Приштина синоќа беше организиран протест од страна на иницијативата ,,Протестирај”, а се одржа и марш пред седиштата на државниот обвинител и на премиерот на Косово, на кој беше побарана оставка на Александар Лумези и Рамуш Харадинај, како и процес на усвојување право на вето во судскиот систем на Косово.

Групата која го организираше протестот на кој учествуваа околу 1.000 граѓани, оцени дека ,,обвинителството е во служба на политиката”.

На протестот му се приклучија и пратениците од Самоопределување и од Социјалдемократската партија на Косово. Учесниците на протестот носеа пароли ,,Оди си Лумези”, ,,Нема држава без независно судство”… Пред почетокот на протестот полицијата го зајакна обезбедувањето пред седиштето на државниот обвинител.

Државниот обвинутел на Косово, Александар Лумези изјави дека ќе поднесе оставка од функцијата доколку Советот на обвинители на Косово процени дека го прекршил законот или етичкиот код.