Кое и да е занимање да го наведете, ние го немаме, вели претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Тој, во Зрењанин одговарајќи на новинарски прашња рече дека недостасуваат месари, возачи…
„Ми се смеевте пред шест месеци кога зборував за тоа, а сега сите за тоа зборувате. Зборував дека ќе мора да увезуваме работна сила, дека тоа ќе ни биде проблем и дека ќе мораме за една до две години да увезуваме работна сила од околните земји“, рече Вучиќ.