Македонските возачки дозволи ќе важат и во Косово

од desk2
223 прегледи

Наскоро македонската возачка дозвола ќе важи и во Косово.

Владата на вчерашната седница го усвои Извештајот за извршени преговори со усогласен текст на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачки дозволи, информираше владиниот портпарол, Миле Бошњаковски на денешната прес-конфеенција.

„Владата го определи Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, во име на Владата на Република Македонија, да го потпише Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачки дозволи“ – вели тој.

Откако овој договор ќе ги помине истите постапки во косовските институции, откако ќе биде одобрен од Владата во Приштина и откако ќе биде потпишан ќе стапи на сила, односно возачките дозволи издадени во Косово ќе бидат целосно признаени од Македонија, и обратно.