„Калашников“ го претстави својот одговор на „Тесла“

од desk2
90 прегледи

Рускиот концерн „Калашников“ претстави цивилен електричен автомобил во ретро стил, кој се очекува да биде конкуренција на американскиот производител на електрични возила „Тесла“.

Прототипот на електричниот автомобил ЦВ-1 беше претставен на свеченост во близина на Москва. 

Од руската компанија соопштија дека инспирацијата за неговиот изглед била земена од советските модели на автомобили од 70-те години на минатиот век, но дека возилото во себе содржи најнапредна технологија.

– Возилото поседува бројни сложени системи, кои ќе ни овозможат да бидеме конкурентни на глобалните производители на електрични автомобили како што е „Тесла“, истакнаа од „Калашников“.

Од руската компанија очекуваат автомобилот, кога во целосот ќе биде развиен, да има неколкупати поголема брзина од конкурентите, а со едно полнење да поминува и по 350 километри.

Бидејќи возилото се уште е во фаза на прототип од „Калашников“ не наведоа со колкава цена тој би се продавал.

Слични содржини