Motorola развива наследник на RAZR со дисплеј на преклопување

од desk4
77 прегледи

Една од најголемите иновации која нѐ очекува во мобилната индустрија е доаѓањето на првите смартфони со дисплеи на преклопување. Оптимистичките прогнози на аналитичарите се дека ќе видиме слични уреди до крајот на 2019 година. Технологијата провоцира голем интерес кај сите водечки производители, но се уште има голем број на технички проблеми кои го отежнуваат создавањето на сличен смартфон. Motorola верува дека тие можат да понудат ефикасно решение, објави „SlashGear“.

Компанијата веќе патентира на свое име сличен дизајн на уред кој наликува на дизајнот на легендарниот „Flip-Phone“ од минатото: Motorola RAZR. Ако нивните инженери открија како да се отстранат проблемите и почнат да продаваат нова верзија на култниот уред, кој е опремен со дисплеј на преклопување, тоа ќе биде сериозен предуслов за неговиот успех меѓу корисниците. Дизајнот покажува механизам за преклопување, кој е сосема сличен со оригиналниот модел.

Големото прашање е како рамката која ги поврзува двата дела на екранот заедно, ќе работи. Motorola експериментира со различни идеи како да се скрие оваа компонента кога е потребно и да се обезбеди максимален простор за самиот екран. Овој тип на дисплеи лесно можат да се оштетат од илјадници циклуси на отворање и преклопување. Ова е голема пречка што досега ги одврати производителите да пуштат модели во овој нов сегмент.