Android уредите испраќаат 10 пати повеќе информации до Google отколку оние со iOS на Apple

од desk4
94 прегледи

Според студијата на Digital Content Next, уредите со Android во состојба на мирување испраќаат десет пати повеќе информации до Google отколку оние со iOS.

Научникот Даглас Шмит од универзитетот Вандербилд спроведе студија која води кон интересни заклучоци. Според податоците, Google собира кориснички информации дури и кога вие не правите ништо со своите уреди.
Експериментите на Шмит покажаа дека телефонот со Android и активниот Chrome прелистувач испраќа 340 пати информации за локацијата на корисникот во рок од 24 часа. Истиот експеримент покажал дека на уред со iOS и прелистувач Safari, Google не успеале да соберат никаква корисна информација, освен ако корисникот не го користел активно апаратот.

Шмит исто така утврдил дека паметен телефон со Android и Chrome испраќа 50 пати повеќе пријави до Google од iPhone со Safari, а вкупно уредите со Android во состојба на мирување испратиле 10 пати повеќе податоци.
Неодамна беше откриено дека Google собира податоци за корисничка локација, дури и кога експлицитно ја исклучуваме оваа опција во поставките. Компанијата објасни дека ова е поради рекламите кои се основен бизнис на Google.

Apple исто така собира информации, но во нејзиниот случај тие се анонимни и опцијата да се оневозможи преносот на податоци функционира.