Првиот смартфон на RED ќе се појави на пазарот во почетокот на октомври, а додека го чекаме почетокот на продажбата, компанијата одлучи да ги пушти и првите официјални фотографии на Hydrogen One кои ќеги заменат достапните досега компјутерски генерирани рендери.
Тие не откриваат ништо што не сме виделе претходно, но тие се уште еден доказ дека паметниот телефон сепак ќе стигне до потрошувачите. Уредот ќе се обиде да ги освои обожавателите со својот холографски дисплеј и модуларен дизајн кој овозможува интегрирање и со камерите на RED.
Продажбите веќе требаше да се почнати, но проблеми со сертифицирањето го забавија пазарното деби до 2 ноември кога телефонот ќе се појави во предлозите на американските оператори AT & T, Verizon и Telcel по цена од 1.295 долари.
Се работи зе верзија со алуминиумски панел, а титаниумското издание се очекува следната година.