Актуелниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон смета дека заканата што ја претставуваат платените пилоти, отежнува вистинските таленти во нивниот пробив во најпрестижниот автомобилски шампионат на планетата.
Зборовите на четирикратниот светски шампион доаѓаат во голема мера да го одбранат Естебан Окон. 21-годишниот Французин е возач на Мерцедес и се натпреварува за Форс Индија. Неговата презентација досега, од Хамилтон беше опишана како „исклучителна“, но се чини речиси сигурно дека Окон ќе го изгуби своето место во тимот.
Причината се крие во трансакцијата по промената на сопственоста во Форс Индија, каде конзорциум предводен од бизнисменот Лоренс Строл, наскоро ќе ги влече конците. Ако рокадата се оствари, тогаш речиси сигурно синот на Строл – Ленс, кој во моментов се натпреварува за Вилијамс – ќе премине во Форс Индија.
Во вчерашниот квалификации за Гран При на Белгија, Окон запиша нов одличен резултат, откако се избори за третото место на стартната линија, веднаш по големите фаворити Хамилтон и Себастијан Фетел (Ферари).
„Отсекогаш сум бил навивач на Естебан“, изјави 33-годишниот Хамилтон.
„Мислам дека неговите перформанси на патеката се исклучителни. За жал, сепак, Формула 1 е во чудна фаза, каде што некои тимови, наместо да земат некое талентирано дете, ги претпочитаат луѓето кои имаат пари. Мислам дека целата структура е погрешна. Естебан треба да биде во одличен автомобил бидејќи тој е еден од најдобрите возачи тука. Се надевам дека ќе ја добие оваа можност, вели Британецот.
„Вие едноставно немате право да дозволите некој кој има повеќе пари да помине пред подобар пилот. ФИА мора некако да преземе акција. Понекогаш посакував јас да бидам менаџер на Естебан“, додаде Хамилтон.
На прес-конференцијата по квалификациите на „Спа“, Фетел, исто така, зборуваше за поддршка на Естебан.
„Мислам дека прави сè на свој начин. Верувам дека овие квалификации многу ќе влијаат на него. За жал, денес се појавува ново лице и веднаш станува суперхерој, а потоа доаѓа друго ново лице и ја презема суперхеројската мантија. Потоа првиот е заборавен, иако ја врши својата работа многу добро“, рече Фетел.