Го препознавте во него сето она за кое некогаш сте фантазирале. Следните постапки ќе ве позиционираат постојано во неговите мисли…
Останате мистериозни
Без разлика колку тој го раздрмал вашиот свет, избегнувајте ги сите импулсивни постапки. Во оној момент кога ќе сфати дека ви се допаѓа, ќе помисли дека целата магија на флертувањето и додворувањето ќе исчезне, а со тоа и главната причина да трча по вас. Доколку во раната фаза на односот ја покажете својата наклонетост, може да се уплаши.
Бидете вешти со зборовите
Вашата почетна комуникација најверојатно ќе се одвива преку СМС и Фејсбук. Затоа потрудете се секој ваш збор да „оди право во центарот“. Со оглед на тоа дека мажите сакаат малку „зачини“, не се воздржувајте од играта на зборови. Еве неколку корисни: „жешка“, „секси“, „игра“, „средба“….нема долго да чекате на неговиот одговор.
Вешто користете го своето тело
Натерајте го да копнее да ве допре со тоа што со прстите ќе поминувате преку вратот, ќе ги допирате своите нозе… Кога се допирате себе си тој потсвесно сфаќа дека тоа е знак дека сакате неговите раце да се најдат на вашето тело, но истовремено тоа му ја открива и целата ваша сензуалност.