Алијансата за Албанците ќе го поддржи референдумот, но го задржува критичкиот тон

од desk2
123 прегледи

Алијансата за Албанците (АА) ќе го поддржи референдумот, одлучи Централното собрание на партијата, како што најави и генералниот секретар на партијата Арбен Таравари во интервју за ЦИВИЛ МЕДИА.

„Алијансата ќе го повика членството да го поддржи референдумот“ – изјави Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците, како што пренесе МИА.

Воедно, АА го задржува остриот тон на критики кон владејачката коалиција СДСМ-ДУИ. Дел од критиките се однесуваат на фактот дека АА биле исклучени од процесот на одлучување во контекст на референдумот, како и за формулацијата на референдумското прашање. Исто така, според АА, непотребно е изјаснувањето околу референдумот на кое повика Претседателот на Собранието, Талат Џафери, бидејќи на партијата не ѝ е најважно да добие пари за кампањата за референдумот.