Можни затворски казни заради загадувањето на Минхен

од desk2
72 прегледи

 

Судот во Германија размислува да изрече затворски казни за надлежните во Баварска затоа што не презеле никакви мерки против загадувањето на воздухот во Mинхен, каде се наоѓа седиштето на производителот на автомобили BMW, пишува денеска весникот”Die Deutche Zeitung”.

Весникот наведува дека административниот суд на оваа покраина верува дека со изрекување затворски казни ќе биде најефикасно администрацијата на Баварска да се натера да преземе акција за намалување на емисиите штетни гасови.

Минхен лани беше прв на листата од 65 градови во Германија кои го надминаа дозволеното ниво на штетни честички во воздухот.

покрај големите казни, официјалните лица во баварска одбија да воведат мерки во главниот град на покраината, како ограничување или забрана за користење дизел автомобили, потсетува АП.

Весникот пишува дека судиите бараат правен совет од Европскиот суд на правдата дали имаат право да изречат затворски казни на покраинскиот министер за заштита на околината Марсел Хубер и на гувернерот Маркус Шедер.