Фатиме го искара Шврговски дека држи предавања во судница. Василев “скокна” да го брани

од desk2
79 прегледи

Откако дојде струја, попладнево продолжи судењето за случајот „Титаник 2“ за нерегуларности во Државната изборна комисија (ДИК) во 2013, но со кавги меѓу адвокатите и обвинителите од СЈО, околу теоријата за тоа што се вкрстени, а што директни прашања за сведоците. Директните прашања според законот, може да се поставуваат дури откако ќе се сврти еднаш кругот со сведоците, а вкрстените прашања се поставуваат веднаш, од исказот на сведокот на обвинителот, пренесе СДК.

Обвинителката Фатиме Фетаи приговараше и му ги оспори сите поставени прашања на адвокатот Боро Тасевски, кој го брани Влатко Сајковски, поранешен член на ДИК и еден од обвинетите. Се вмеша и адвокатот на Сашо Срцев, Димитар Дангов, но и тој најави вкрстено, а постави директно прашање.

Стана и Љупчо Шврговски, бранител на Сашо Мијалков, и рече дека може од одговорот на веќе поставени прашања да се постават нови, а не судијата на барање на обвинителот да не ги дозволува.

Обвинителот Гаврил Бубевски, нервозен што се изгуби време на незнаењето што се директни, а што вкрстени прашања, се објаснуваше со Шврговски и во тој момент Фетаи го праша судот: „Зошто овде без даден збор од вас чесен суде, колегата Шврговски стана и ни држи предавања на сите?“./СДК