Изби пожар на грчки траект

од desk2
228 прегледи

 

Грчкиот траект „Елефтериос Венизелос“ од Хање на Крит се врати во пристаништето Пиреус, откако во гаражата на бродот избил пожар, јавија надлежните во Грција.

Според локалните медиуми, на траектот имало 875 патници и 140 членови на посадата. Грчката крајбрежна стража соопшти дека патниците ја поминале ноќта на палбата.

Во гаражата на бродот наводно се запалил камион. Активитан е автоматскиот систем за гасење пожар, кој спречил пожарот да се прошири по целиот брод.

Протипожарната служба соопшти дека траектот го следеле два противпожарни борда, а дека во Пиреја биле мобилизирани пожарните служби.

Патниците излегле на палубата по пожарните скали.

Заменикот министер за трговска флота на Грција Нектариос Санториниос изјави дека се работи на гасењ на пожарот, а дека на сопствениците на автомобили ќе им биде исплатена отштета.