Веб-страницата iFixit ги подложи своите традиционални тестови за демонтирање на актуелниот фаблет на Samsung.

Galaxy Note 9 се претставил со променлив успех и добил сеопфатна проценка 4 од 10. Уредот користи типична конструкција од стакло и алуминиум, која е карактеристична за топ моделите на Samsung во последниве години.
Отстранувањето на задниот панел бара напор, но при неговото симнување во лабораторијата на iFixit, тој не се скршил.
Батеријата е залепена, што е карактеристично за најактуелните телефони. Од iFixit утврдиле дека симнувањето на матичната плоча е релативно лесно, а USB порта и микрофонот се на посебна плоча, што ги олеснува поправките.
Лошата вест е дека оштетувањето на екранот бара промена на целата шасија. Отстранувањето на екранот е премногу тешко и практично невозможно.
Galaxy Note9 има намален рејтинг и за залепената батерија и за залепениот заден панел.