Dell планираат да ja покажат новата генерација ултратeнки лаптопи на саемот IFA 2018. Компанијата откри и повеќе детали за подобрувањата кои не чекаат во сериите Inspiron 7000 и Inspiron 14 5000 (2018). Dell се погрижил да обезбеди комбинација од луксузен дизајн и компактна големина со моќен хардвер. Според податоците, новите хибриди меѓу лаптопи и таблети од Inspiron 7000 Series ќе користат Core i5 и Core i7 процесори од осмата генерација на Intel. Ова исто така ќе обезбеди долготрајност на батеријата.

Моделите имаат минимални рамки околу екранот, но сè уште се опремени со HD веб камери. Dell Inspiron 7000 (2013) со 13-инчен екран на допир ќе биде конфигуриран со 16GB RAM и 1TB SSD. Потрошувачите ќе избираат помеѓу 15 и 17-инчни дисплеи кои нудат 2TB хард дискови или 512GB SSD, велат TechRadar. Најскапите модели во серијата ќе користат модули со технологијата Intel Optane. Трите уреди ќе ја поддржат гласовната услуга на Amazon Alexa, кое ќе биде возможно со дополнителни надградби.
Официјалните продажби стартуваат на 2 октомври, откако основните верзии ќе чинат 879, 849 и 1.099 долари, соодветно за 13, 15 и 17-инчните лаптопи. Dell Inspiron 14 5000 (2018) ќе работи на Intel процесори од осма генерација, како и со NVIDIA GeForce MX130 видео картички. Компанијата ќе продава конфигурации со 128GB SSD / 256GB SSD дискови или 2TB SSD дискови кои имаат меѓу 4GB DDR4 и 32GB RAM. Во заклучок ќе истакнеме дека лаптопите Dell Inspiron 14 5000 (2018) со 14-инчен екран осетлив на допир ќе се продаваат по почетна цена од 459 долари.