Xperia XZ3 е новиот паметен телефон во серијата предводници на Sony со стаклен дизајн со 3D ефект, кој елегантно се комбинира со OLED екранот. Паметниот телефон ќе биде достапен во различни земји и региони до крајот на септември 2018 година. Xperia XZ3 доаѓа со HDR, 6.0-инчен OLED екран со QHD + (1440×2880) резолуција со сооднос 18: 9. Подобрената X-Reality ™ за мобилни уреди ја „претвора“ содржината од SDR до блиска до HDR. Смартфонот има предни стерео звучници и динамичен вибрационен систем.

Xperia XZ3 располага со нов интелигентен кориснички интерфејс Side Sense што користи вештачка интелигенција, за практично ракување на големиот екран со една рака. Со двоен допир на која и да е страна на екранот, тој го покажува панелот со апликациите откако ги препознава и покажува апликациите и брзите линкови, кои најчесто ги користите. Ова овозможува да стартувате некоја апликација или да снимите слика од комотна позиција, без да мора да ја преместувате раката.
Главната камера е опремена со систем за камери Motion Eye ™ со ефикасни 19,2 мегапиксели. Xperia XZ3 располага и со новиот „Smart launch“ со вештачка интелигенција, кој моментално ја подготвува и стартуваа камерата кога го држите телефонот во хоризонтална ориентација. Корисничкиот интерфејс на камерата исто така е редизајниран за да го направи уште поинтуитивен. Предната камера нуди ефективни 13.2 милиони точки и нов F1.9 објектив, нов портретен селфи режим со можност за корекција на тенот на кожата, и снимање на позадината со „боке“ ефект.
Xperia XZ3 работи со најновиот Android ™ 9 Pie и чипсетот Qualcomm® Snapdragon ™ 845. Тој е отпорен на вода и прашина, и исто така поддржува безжично полнење Qi.