Вселенски војни: Русија нема да пренесува Американци на Меѓународната вселенска станица

од desk2
110 прегледи

Вжештените односи помеѓу Русија и САД се проширија дури до вселената. Почнувајќи од наредната година, Русија нема да пренесува американски астронаути од Меѓународната вселенска станица.

Заменикот-премиерот на Русија, Јури Борисов, денеска ја соопшти оваа вест која е дел од мерките на неговата земја кон САД.

Според постоечкиот договор со НАСА, американските астронаути користат места на рускиот Сојуз за да дојдат до Меѓународната вселенска станица и да се вратат на Земјата. САД немаат капацитет за човечки мисии во вселената по повлекувањето на програмата Space Shuttle, а во моментов во тек е финализацијата на новата програма која ќе ја збогати НАСА со нова капсула – SpaceX Dragon.

Цената на транспорт до Меѓународната вселенска станица се менуваше во текот на годините. НАСА оваа година плаќа 81 милиони долари за едно седиште, што е огромно зголемување во однос на најевтините места од 2007 и 2008 година, кога седиште чинеше 21,8 милиони долари.

Во време на политички комплицирани односи помеѓу двете земји, кога САД и Русија се на работ на нова Студена војна, за некои Американци е понижување што нивната држава мора да бара услуги од Русија.