112
Во втората слободна тренинг сесија на легендарната патека „Монца“, најбрз беше Себастијан Фетел со Ферари. Германецот направи само четири круга во првиот тренинг и се повлече поради проблем со менувачот. По грешка на стартот на сесијата, Фетел успеа да даде најбрзо време од 1:21.105 минути при неговиот трет круг. Две десетини од секундата заостана неговиот тимски колега во Ферари – Кими Раиконен.
Луис Хамилтон остана трет, на 0,287 секунди од германскиот пилот, а Валтери Ботас беше четврти.
Пилотите на Ред Бул – Макс Вертапен и Даниел Рикардо се петти и шести, додека Естебан Окон од Форс Индија заврши 7-ми. На осмо место заврши неговиот тимски колега и најбрзиот по првиот тренинг – Серхио Перез.