Дежурен јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство Охрид доцна попладнето вчера, изврши увид на лице место во семејна куќа во охридското село Велгошти, каде беше пронајдено безживотно тело на жена, информира Обвинителството.

По наредба на јавниот обвинител, на лице место се обезбедени траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице.
Се трага по сторителот.