Од Balmain ја претставија својата нова армија од модели, но со една интересна ситница – не се вистински.
Оваа сезона, креативниот директор на модната куќа, Оливие Раштејн, постави виртуелна војска од дигитално создадени модели за да ги претстави новите производи од неговата најнова колекција.
“Секој и сите се секогаш добредојдени да се приклучат на армијата на Balmain – тие треба само да го имаат нашиот смел дух за авантура како виртуелните икони Марго, Шуду и Жи кои се персонификација на убавината, рок стилот и самодовербата”, пишува во официјалната изјава на веб-страницата на модната куќа.
Моделите беа креирани од Cameron Photo Џејмс Вилсон, кој ја создаде Shoudou во 2017 година.
Таа е позната како првиот дигитален супермодел во светот, а нејзината лична страница во Инстаграм има над 140.000 следбеници. Таа веќе е дел од бројни фото сесии.
