Пред десетина години „Jaguar“ подготвуваше модерен наследник на моделот „XJ220“, многу ветуваше „C-X75“, но големата економска криза на крајот на минатата деценија спречи возилото да се најден на производната лента.
Меѓутоа, во „Jaguar“ не ја заборавија идејата за спортски автомобил со високи перформанси, па напорно работат на радикална замена за „F-Type“.
Иако се треба да се земе со голема резерва, одредени медиуми тврдат дека „Jaguar“ планира суперавтомобил со мотор во средината на каросеријата околу 2022-ра година со ознаката „J-Type“.
Се шпекулира дека „Jaguar“ работи на конкурент на „Porsche 718“, но реално е „целта“ на британската компанија да е локалниот конкурент „McLaren“, но и спортскиот модел на „Honda“ – „NSX“.
И покрај тоа што спецификациите се уште не се финализирани, се очекува по хаубата да биде поставен хибрид со „V6“ и најмлаку два електромотори. Овој погонски систем би требало да му овозможи на „Jaguar“ најмалку 550 KS.
Тоа секако е далеку од современите хиперавтомобили кои имаат и 1.500 „коња“, но ќе биде доволно моќен да се спротивстави на „Audi R8“ и „McLaren 570S“.