Македонија денес се соочува со демографска катастрофа, во вториот квартал во 2018 година, имаме пад за 6,3 проценти на бројот на новородени деца, тоа за шест години ќе значи и дополнително намалување на бројот на ученици, паралелки кои ќе се затворат, населени места кои забрзано замираат.

Ова денеска го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото видео-обраќање.
Тој додаде дека на Македонија и се одзема иднината, а Владата не презема ништо.
– Поради тоа имаме кратење на паралелките, дури се соочуваме и со затворање на цели училишта.
Додека состојбата во образованието и училиштата е очајна. Имаме училишта кои прокиснуваат, влагата е честа појава, додека бесплатните учебници доцнат. Но затоа, затоа пак додека образованието за родителите е мака, за власта тоа е шанса за профит. Скандалите не престануваат. Милионскиот бизнис од 5,3 милиони евра за набавка на учебници се побрза да се додели на две фирми, во четири очи, без тендер, а фирмите се знае, тие, според неформалните информации, важат за блиски до власта- рече Мицкоски.
Тој додаде дека зголемувањето на платите за наставниците што го направија од владата е понижувачко и е далеку од првично ветените 500 евра просечна плата.