Стоилковски: СДСМ го менува институционалниот идентитет на Република Македонија

од desk2
94 прегледи

„За Зоран Заев, Договорот од Нивици е веќе е во сила. Тој очигледно не смее да употреби Република Македонија, а наместо Солун, вели Тесалоники. И тоа среде Република Македонија на партиски митинг, пред македонски граѓани. Ова повеќе не се митинзи, ова е обид за континуирано перење на мозоците и бришење на се што потсетува на Македонија и нејзината историја“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Ниту Заев ниту неговата свита распослана во оваа брутална задача за бришење на колективната меморија и лажни убедувања, не ја кажуваат суштината заради која и го распишаа референдумот, а тоа е бришењето на македонскиот идентитет. Заев уште од сега го брише институционалниот идентитет, имињата на институциите преку кои граѓаните се идентификуваат и го црпат личниот идентитет како Македонци“, вели Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија сметаат дека нема иднина без минато, ниту интеграции со криминал и корупција. А ниту иднина ниту интеграции со капитулација. Европските вредности не се прашање на референдумот. Власта е должна вистински да одговори за прашањето кое го поставува пред вас, гласачите, да одговори за содржината и последиците од капитулантскиот договор. Се друго, е манипулација и злоупотреба за поткуп на вашето гласачко право.