Се урна мост во Калкута

од desk2
260 прегледи

Во индискиот град Калкута денеска се урна дел од мост, а според локалните медиуми има повредени и загинати лица.
Неколку возила се заробени под урнатините.

Според последните извештаи едно лице загинало, а повеќе се повредени.

На местото се спасувачки екипи, кои се обидуваат да ги спасат заробените.

Очевидец вели дека слушнале силен тресок и виделе дека мостот Маџехат паднал.

Еден локален жител вели дека подолго време на мостот се забележувала дупка, но не е сигурен дали надлежните ја виделе.

Неодамна во италијанскиот град Џенова се урна надвозник, при што загинаа над 40 луѓе.