Chrome надмина уште една бариера

од Vlatko K
71 прегледи

За прв пат прелистувачот Chrome, кој вчера наполни 10 години, надмина 65% удел на светскиот пазар, согласно актуелните податоци на NetMarketShare – сервис кој ја истражува активноста на 160 милиони единствени корисници, кои гледаат над 40 илјади сајта.

Во август, од Chrome влегувале во интернет 65,2% од корисниците на десктоп компјутери и преносни компјутери, наспроти 64,7% една година порано. Истовремено уделот на Internet Explorer, кој го зазема второто место, падна под 11%.

Во тројката на најпопуларните прелистувачи во светот влегува Firefox на Mozilla со резултат речиси 10%. По него со 4,3% е Microsoft Edge, кој се шири како стандарден пребарувач во Windows 10.

Според податоците на услугата StatCounter, уделот на Chrome во персоналните компјутери е 67,6% кон крајот на август.

За разлика од NetMarketShare, податоците на конкурентната услуга StatCounter го припишуваат второ место кај прелистувачите за Mozilla Firefox со удел од 11% и трето место за Internet Explorer со удел од 7%.