Секој производител на Android паметни телефони има свое толкување на оперативниот систем што го развива и поддржува заедно со новите надградби, што доаѓаат од Google. Во случајот со Huawei, ова е EMUI 9.0, што ќе биде еден од првите системи, ажурирани за Android Pie.

Тој е дизајниран да биде што попријатен и полесен за употреба. Целта е корисниците да можат да ги извршуваат своите посакувани операции со тоа што ќе поминат што е можно помалку чекори. EMUI 9.0 работи за 12,9% побрзо од својот претходник и многу ги забрзува апликациите. Тестовите на Huawei покажале EMUI 9,0 го стартува Instagram 12% побрзо и Spotify 11% побрзо. Комбинирање на оваа брзина со моќта на претставениот на 31 август процесор Kirin 980, EMUI 9,0 ќе обезбеди неспоредлива удобност на идните сопственици на смартфоните од серијата Huawei Mate 20, додаваат од компанијата.
EMUI 9,0 располага со GPU Turbo 2.0, втората генерација на технологијата за графичка обработка на датотеки на Huawei, која поддржува повеќе игри на поголема брзина. Новата верзија на системот може интелигентно да го дистрибуира обемот на работа помеѓу компонентите, притоа извршувајќи ги функциите со највисока можна брзина додека заштедува енергија. Освен игрите, системот подобрува и други важни елементи на смартфоните како чувствителноста на сензорите на екранот на допир, поврзување на мрежа и уште многу функции и апликации.