Huawei P20 и P20 Pro се некои од најдобрите Android паметни телефони кои можете да ги најдете на пазарот. Уредите имаат елегантен дизајн, импресивни камери Leica и моќен хардвер. Кинескиот производител официјално потврди дека ќе почне да продава уште четири бои на паметни телефони. На овој начин, Huawei ќе се обиде да привлече уште повеќе корисници на овогодинешните предводници на пазарот на паметни телефони.

Новите верзии претставуваат „Morpho Aurora“, „Pearl White“, „Golden Brown Leather“ и „Elegant Black Leather“ бои. Плановите на Huawei предвидуваат дека првите две верзии ќе бидат лансирани во рок од неколку дена. Нивната цена ќе изнесува 649 евра, информира „AndroidHeadlines“. Во исто време луксузните „Golden Brown Leather“ и „Elegant Black Leather“ ќе се достапни ексклузивно за Huawei P20 Pro и ќе можат да се купат за 899 евра. Ова е цена за премиум верзиите со 256GB меморија и 8GB RAM меморија.
Премиерата на новите бои се очекува да ги направи Huawei P20 и P20 Pro уште попривлечни за корисниците и да ја заостри конкуренцијата меѓу уредите со Android. Тука е време да се спомене дека Huawei продаде над 10 милиони паметни телефони во првите пет месеци на пазарот. Наскоро нѐ очекува премиерата на Mate 20 серијата, што дополнително ќе и овозможи на компанијата да се прошири своето влијание во мобилната индустрија.