Три месеци условна казна за полицајците кои го фотографираа Чавков во Идризово

од desk2
69 прегледи

Условни казни затвор од три месеци добија двајца полицајци за неовластено фотографирање и објавување на фотографијата од ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков во затворот во Идризово, потврдија од кривичниот суд за А1он.


Обвинителството поднесе казнени налози за двајца обвинети.

Од судот за порталот изјавиле: „Донесена е неправосилна првостепена пресуда со која двајцата обвинети се огласени за виновни за кривичното дело Неовластено снимање од член 152 ст.2 в.в. ст.1 од КЗ и им се определува алтернативна мерка – условна осуда во траење од 3 месеци затвор, кој нема да се рeализира, доколку во следните 2 години не сторат друго кривично дело”.

На 30 ноември 2017 година првообвинетиот како службено лице што било на стражарска кула го забележал Чавков, па искористил поволен момент и преку прозорското стакло без негова согласност го фотографирал, повредувајќи му ја приватноста.

Според обвинителството, првообвинетиот во приватна порака преку социјалните мрежи им ги испратил фотографиите на тројца колеги, меѓу кои и на второобвинетиот, кој понатаму фотографијата ја проследил на уште двајца униформирани полициски службеници./A1on