Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ на почетокот на судењето пред загребскиот жупаниски суд ја отфрли вината за корупција.

Обвинението го товари Бандиќ кој речиси непрекинато од 2000 година е на власт во Загреб, дека заедно со своите двајца соработници овозможил на ултраконзервативното здружение „Во име на семејството“ незаконска корист од најмалку 308.000 куни (41.000 евра), давајчи им бесплатни штандови на кои собирале потписи за референдум.
И соработниците ја отфрлија вината.
Бандиќ се товари за корупција и во друг случај, во јавноста наречен „Аграм“, каде е обвинет заедно со 15 соработници.