Себастијан Фетел не очекува заповеди од боксот на Ферари во негова корист и тврди дека со задоволство ќе се бори со клубскиот колега Кими Раиконен.
Претходно во текот на неделата Германецот изрази незадоволство од тоа што не добил поддршка од Финецот во битката со Луис Хамилтон, но сега го промени тонот.
„Задоволен сум што се борам со три автомобили. Всушност, среќен сум што се борев со 19 автомобили. Нема проблеми. Не очекувам ништо друго“, изјави Фетел, кој е неспорен број еден во Ферари.
Се очекува, сепак Кими да ја загуби својата позиција во тимот за сметка на Шарл Леклер и поради тоа ќе биде интересно како ќе пристапи во преостанатите трки.
„Јас само ја вршам мојата работа и сум подготвен да се натпреварувам против сите. Во Монца се обидов да нападнам на првиот свиок, а потоа на вториот, но не ми успеа. Тогаш немав среќа. Секој е слободен да пријде на начин, на кој мисли дека е добро. Сè е јасно за нас, доволно сме искусни, па затоа гледаме напред“, рече Себ.