Лоренцо за Роси: Се однесува како мало дете

од Vlatko K
155 прегледи

Пилотот на Дукати, Хорхе Лоренцо ги критикуваше двајцата МотоГП пилоти Валентино Роси и Марк Маркез за непријателството меѓу нив и изјави дека однесувањето на ветеранот е „како на мало дете“.

Поводот за зборовите се случката на вчерашната прес-конференција пред почетокот на тркачкиот викенд во Сан Марино. Тогаш Докторот одмавна со главата и одби да ја стисне подадената од Марк рака, со зборовите дека нема потреба од тоа и нивните односи се добри.

– Мислам дека и двајцата грешат. Роси – за тоа дека не ја стисна раката на Марк и за однесувањето како мало дете и особено за тоа дека тој имаше шанса да покаже на навивачите дека не треба да се исвирква некој пилот. бидејќи никој не го заслужува тоа. Од друга страна, мислам дека Марк премногу се интересира што вели или прави Валентино. Тој едноставно треба да продолжи напред и да го прави она што може, изјави Лоренцо за шпанските медиуми.

Слични содржини